
САД вчера објавија дека одобриле продажба на напредни ракети воздух-воздух и сродна опрема во вредност од над 1 милијарда долари на Финска, сојузник на НАТО кој дели долга граница со Русија. „Предложената продажба ќе ја подобри способноста на Финска да се справи со сегашните и идните закани и нејзината интероперабилност со САД и другите сојузнички сили“, се вели во соопштението на Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста на САД (DSCA).
Продажбата, исто така, ќе „поддржи целите на надворешната политика на САД и националната безбедност“, додаде агенцијата. По руската инвазија на Украина, Финска го прекина своето долгогодишно воено неврзување и се приклучи на НАТО во 2023 година. Оваа трансакција сè уште треба да биде одобрена од Конгресот на САД.




