Дванаесет војници беа убиени во Пакистан, а четворица беа повредени кога терористите нападнаа пункт на безбедносните сили во северозападниот дел од земјата што се граничи со Авганистан утрово, соопштија властите.

Инцидентот се случил околу 5 часот наутро по локално време, кога терористите отвориле оган врз група безбедносни сили, објави Синхуа.
Властите соопштија дека повредените се во критична состојба и дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции.
Безбедносните претставници изјавија дека се верува дека локален командант на групата Техрик-и-Талибан Пакистан (ТТП) е активен во областа.
Сепак, ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.
Пакистанските сили ја опколија областа и започнаа операција за пребарување за да ги пронајдат напаѓачите.




