Според полициските проценки, најмалку 12.000 луѓе се собрале синоќа кај Бранденбуршката порта во Берлин, барајќи крај на војната во Појасот Газа и прекин на извозот на оружје во воените зони.

На протестот „Стоп на геноцидот во Газа“, демонстрантите го осудија нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, но нагласија дека израелскиот одговор „ги надминува границите на човештвото“, објавува Дојчландфунк.
Претседателката на Алијансата, Сара Вагенкнехт (BSW), повика на итно прекинување на извозот на оружје од Германија во Израел.
„Ништо не го оправдува бомбардирањето, убивањето, гладувањето и прогонувањето на два милиони луѓе во Газа, од кои половина се деца“, рече Вагенкнехт.
На митингот се обратија јавни личности, вклучувајќи го германскиот комичар Дитер Халерворден, како и раперите Масив и Баус.
Фронтменот на британскиот бенд Пинк Флојд се обрати на толпата преку видео врска.
Произраелска контрадемонстрација се одржа на спротивната страна од Бранденбуршката порта, со околу 20-30 учесници, објави Дојчландфунк.




