дома Македонија Спасовски го посети Заев во неговата Фондација

Спасовски го посети Заев во неговата Фондација






Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека денеска ја посетил Фондацијата Заев каде што се сретнал и со директорот на Фондацијата, односно поранешниот премиер Зоран Заев.

„Благодарност од срце за иницијативите на Фондацијата Заев за остварувањето на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси, преку унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина“, напиша Спасовски во објавата.

Тој додава дека продолжуваат со соработката која значи европска трансформација на општественото живеење во нашата држава.

– Реклама –








ПредходнаВинските патишта на балканските држави стануваат светска дестинација, истакна Ковачевски
СледнаТони Цетински обвинет за давање мито: Плаќал по 100 евра на медицинска сестра за лажна потврда за вакцинација