дома Гастронаутика Патуваме Црна Гора: Будва моментално има пет проценти повеќе гости отколку минатата година

Црна Гора: Будва моментално има пет проценти повеќе гости отколку минатата година

Во Будва моментално престојуваат 32.566 гости, што е пет проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, според неофицијалните податоци на локалната Туристичка организација од 11 септември.


Во хотелите се евидентирани два проценти повеќе туристи, додека зголемување од шест проценти е регистрирано во приватното сместување.

Кога станува збор за структурата на гостите, најбројни туристи во хотелите се од Израел, Велика Британија, Германија, Белгија, Полска, Србија, Русија, Естонија, Ерменија и Турција.
Приватното сместување, пак, најчесто го избираат гостите од Русија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Турција, Германија, Полска, Велика Британија, Азербејџан и Белорусија.

ПредходнаНастапот на панк-рап дуото Боб Вилан во Тилбург (Холандија) е откажан поради коментари за Кирк
СледнаДвојно убиство и самоубиство во Велес