Денеска се навршуваат точно шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.

Денеска се навршуваат точно шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.а протести за почит ќе се оддржуваат и во Скопје и други градови.
Иницијативата „Кој е следен“ пак за вечерва повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Кој е следен“
„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мораме да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме неми пред неправдата, да преземеме одговорност, секој на свој начин!“
На точно шест месеци откако ги загубија своите чеда, родителите и блиските на жртвите, исто така денеска ќе маршираат низ кочанските улици. Од Здружението “16ти Март 2025-Кочани“ го најавија 22тиот “Марш за ангелите” и повикуваат: Да се собереме сите заедно, да им оддадеме чест на ангелите и да покажеме дека нивната светлина и борбата за правда нема да згасне.
Здружение “16ти Март 2025-Кочани“
– Ве повикуваме сите заедно да излеземе и да дадеме поддршка. Маршрутата е следна:
15:35 Почеток од Паркот на револуцијата – Кочани , Основен суд – Кочани , Министерство за внатрешни работи – Кочани, Управа за јавни приходи – Кочани, Завршување со враќање во Паркот на револуцијата
Овој марш е симбол на нашата заедничка болка, но и наша силна порака: Никогаш повеќе ваква трагедија! Доста беше со манипулации и корупција што одземаат невини животи!
Освен двата најавени собири, предвидени се и низа активности во Кочани и Штип. Со почеток од 20 часот, во Градскиот парк на револуцијата во Кочани и градскиот плоштад Слобода во Штип сите кои сакаат да оддадат почит ќе можат да запалат свеќи, а половина час подоцна ќе се организира создавање звездено небо, чин на спомен на младите животи, кои Македонија ги загуби кобниот 16ти март.




