
Откритието е сензација за светот на литературата, изјави директорката на архивите, Сандра Рихтер.
„Сега конечно можете да видите како се создадени неговите големи песни – користејќи и цртежи и зборови, тој се обиде да ја долови самата суштина на нештата“, рече Рихтер.
Рилке цртал уште од детството. Зачувани се скици на витези, чудовишта и палати, животни и сцени од општествениот живот на Прага кон крајот на 19 век.
Меѓу делата има и цртеж на тигар, создаден непосредно пред познатата поема на Рилке „Пантер“.
„Ова откритие е среќна случајност во историјата на културата“, рече германскиот министер за култура Волфрам Вајмер.
Рилке не беше само светски познат поет, туку имаше и исклучително силно чувство за форма и експресивност во цртањето. Скиците, додаде Вајмер, отвораат нови пристапи кон неговата работа.
Рајнер Марија Рилке е роден на 4 декември 1875 година во Прага, тогашна дел од Австро-Унгарија. Починал на 29 декември 1926 година во санаториум во Швајцарија.
ДПА




