дома Македонија Продолжен е притворот за нови 48 часа за четирите лица за пожарот...

Продолжен е притворот за нови 48 часа за четирите лица за пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.

Четворицата се сомничат за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.


– Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, велат од Државното јавно обвинителство.
Денеска, според најавите, треба да почне и увидот на лице место за причините за пожарот.
Пожарот избувна на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

ПредходнаПодметнат пожар на железничката пруга Берлин-Хановер?
СледнаРопството во САД – “корозивна идеологија” според Трамп