Оваа година се објавени неколку филмски адаптации на супер-успешни и популарни романи, како што е “Долгата прошетка” од Стивен Кинг, кој беше во кината минатата недела.
Исто така, ја чекаме филмската верзија на една од најпродаваните книги во последниве години – “Слугинката” од Фрида Мекфаден. Дури и кога актерската екипа беше објавена, многу фанови на романот беа воодушевени од совршениот избор на актери за ликовите.
А сега можеме да погледнеме како изгледаат главните ликови во филмот на Пол Феиг, бидејќи Лајонсгејт објави постери со ликовите, како и првиот трејлер.
Сидни Свини ја глуми слугинката Мили, Аманда Сејфрид е Нина – жената која ја ангажирала, и Брендон Скленер и сопругот на Нина, Ендру. Ѕвездата на “365 дена” Мишел Мороне е заводливиот Енцо.
Мили е млада жена со мрачно минато на која очајно ѝ треба работа откако ќе биде ослободена од затвор. Таа добива шанса да работи како слугинка во домот на Нина Винчестер, богата, но емоционално нестабилна жена која живее со нејзиниот сопруг Ендру и нивната ќерка Сесилија.
Од самиот почеток, Мили чувствува дека нешто не е во ред – расположението на Нина нагло се менува и собата во која е сместена Мили е заклучена однадвор. Тензијата и привлечноста почнуваат да се појавуваат помеѓу Мили и Ендру, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Сè додека слугинката не почне да открива темни тајни за семејството.
Премиерата на “Слугинката” се очекува околу Божиќ оваа година.