дома Македонија Квалитетот на воздухот во Трубарево е во рамки на дозволените граници, тврди...

Квалитетот на воздухот во Трубарево е во рамки на дозволените граници, тврди МЖСПП

септември 17, скопје

Во дозволените граници е квалитетот на воздухот во скопско Трубарево по пожарот што во саботата избувна во складиште за електронски отпад, покажале податоците од мерните станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека досегашните мерења покажале оти просечната дневна концентрација на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во текот на вчерашниот ден била 19,7 микрограми на метар кубен.

– Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³, максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³, моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Задутре треба да бидат познати и резултатите кои треба да покажат дали имало загадување на воздухот со тешки метали.

ПредходнаГрција ја купува четвртата поморска фрегата од Франција
СледнаУставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК: Независните може да учествуваат на избори со два потписи