дома Македонија Црна хроника Спречен шверц на златен накит на „Стење“

Спречен шверц на златен накит на „Стење“

септември 18, 2025

 

Македонски државјанин се обидел нелегално да искриумчари златен накит во вкупна вредност од 346 илјади денари. Тој е фатен на граничниот премин Стење.

Златото е откриено при детална контрола на возилото, а било спакувано во куферот меѓу личните работи на патникот.

Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

ПредходнаХороскоп за четврток: Шефовите ги менуваат плановите, љубовните врски се распаѓаат
СледнаНајголем број продадени станови во Аеродром, најскапиот продаден во Центар