Ирачката антитерористичка служба објави дека висок лидер на Исламска држава е убиен во безбедносна операција во Сирија , објави Ројтерс.
Операцијата беше спроведена во координација со меѓународната коалиција предводена од САД.
Командантот Омар Абдул Кадер Басам, познат како „Абдул Рахман Ал-Халаби“, беше шеф на групата за надворешни операции и безбедност.
Тој е обвинет за водење напади во повеќе земји, вклучувајќи го и бомбардирањето на иранската амбасада во Либан , како и за планирање други операции во Европа и САД кои на крајот беа спречени преку разузнавачка работа.
Централната команда на САД изврши серија воздушни напади врз припадници на Исламска држава во Сирија, а американските претставници предупредуваат дека групата се надева дека ќе се врати во земјата по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември.