Ситуацијата е таква дури и 35 години по обединувањето, изјави во петокот комесарката за поранешните источни покраини, Елизабет Кајзер.
Иако вкупниот удел на Источногерманците на лидерски позиции се зголеми од 10,9 на 12,1 процент од 2018 до 2024 година, имаше пад во деловниот сектор од 5,1 на четири проценти, а во уметноста од 9,3 на 6,8 проценти, рече Кајзер.
Германците што живеат во поранешна Источна Германија сочинуваат приближно 20 проценти од вкупното население на земјата.
Застапеноста е поголема во политиката, каде што уделот на политичарите од поранешна Источна Германија се зголеми на 21,4 проценти во 2024 година од 19,9 проценти во 2018 година.
Податоците се од истражувањето на „Елит монитор“ на два универзитета од тој регион.
Официјалната политика на владата е да се зголеми уделот на Германците од источните покраини на лидерски позиции.
ДПА