Голем пожар на отворен простор пред малку изби во близина на скопското село Батинци каде е зафатена сува трева и грмушки, а поради ветрот огнот се шири со голема брзина.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информираше дека во гаснењето на пожарот активно делува скопската противпожарна бригада, а се очекува и делување на хеликопретрот на МВР и двата ер трактора на ДЗС.
Според Ангелов, се работи за подметнат пожар.