Поведена е истражна постапка против жител на Неготино кој се сомничи за обид за изнуда и закани кон градоначалникот.
Кривичните дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“ ги сторил во периодот на септември.
На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра.
Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, од страна на јавен обвинител побарана е мерка притвор.