Пожар попладнево изби во близина на Аквадуктот кај Скопје. Пожарот, според информациите од Центарот за управување со кризи, е локализиран. Опожарена е ниска вегетација и ниска стеблеста шума.
Интервенирале девет пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со три противпожарни возила.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека противпожарните екипи при гаснењето на пожарот биле попречувани од граѓани кои живеат околу опожареното место поради што била побарана и полициска интервенција.
– Екипите на скопската БППЗ веднаш излегоа на терен но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето.