Досега 303 кандидатски листи за градоначалници и 558 листи за советите во општините се потврдени од страна на Државната изборна комисија.
ДИК информира дека за општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности, поточно осум листи за градоначалник и 20 листи за членови на советите на општините.
Отфрлени се пет листи за градоначалници и тоа по една листа за Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.
Ждрепката за утврдување на редоследот на листата на кандидати ќе се одржи во четврток, на 25 септември.