* Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, и за сите индикации и несакани ефекти, консултирајте се со научник во близина.
Некои луѓе имаат необјаснива тенденција да избираат партнери кои не им одговараат, оние кои не се подготвени за врска, се емоционално недостапни или едноставно не ги делат истите вредности. Во хороскопот, постојат знаци кои се впуштаат во такви врски почесто, водени од срцето наместо од разумот.
Рибите ги идеализираат луѓето и често гледаат потенцијал во нив, а не реалност. Нивната потреба да го “спасат” својот партнер често ги става во врска со луѓе кои не се подготвени да им ја дадат љубовта што ја заслужуваат.
Рак
Раковите сакаат длабоко и безрезервно. Нивната емоционалност понекогаш ги спречува да ги забележат знаците на предупредување, па тие остануваат со партнерите кои им прават повеќе штета отколку корист.
Стрелец
Стрелецот се заљубува во идејата за авантура, а не во личност. Тие често избираат оние кои се возбудливи, но нестабилни, и така се наоѓаат во врски кои немаат цврста основа.