Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна во вторник во Њујорк со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган и лидерите на муслиманските земји на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, со кого разговараше за војната во Појасот Газа.
Трамп нагласи дека тоа е „најважниот состанок за мене“, нагласувајќи дека е „од најголема важност“ да се ослободат заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа, објави Ројтерс.
„Мислам дека можеме да го направиме тоа, ова е група што може да го направи тоа“, рече Трамп.
Ердоган го оцени состанокот како „плоден“ и изјави дека учесниците на состанокот ќе издадат заедничка декларација.
Турскиот лидер претходно вчера, за време на своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека Израел убива по едно палестинско дете секој час во Појасот Газа веќе 23 месеци.
Тој ги поздрави сите земји што ја признале Палестина и ги повика оние што сè уште не го сториле тоа да преземат акција „без понатамошно одложување“.
Тој, исто така, укажа на потребата од поголемо ангажирање на ОН во решавањето на палестинското прашање, потсетувајќи на основните цели на организацијата, а тоа се зачувување на меѓународниот мир и безбедност.