Полицијата во Велика Британија уапси маж во врска со сајбер нападот што го наруши работењето на неколку големи аеродроми во Европа, вклучувајќи го и лондонскиот Хитроу, објави Би-Би-Си.
Националната агенција за криминал (NCA) соопшти дека 40-годишен маж е уапсен во Западен Сасекс како дел од истрагата за сајбер инцидент што влијаел на софтверот за пријавување и багаж на „Колинс Аероспејс“, кој го користат неколку авиокомпании.
Сепак, Пол Фостер, раководител на националната единица за сајбер криминал на NCA, нагласи дека истрагата за инцидентот е сè уште во рана фаза.
Човекот беше уапсен вечерта на 23 септември под сомнение за прекршување на Законот за злоупотреба на компјутери, но сега е ослободен со кауција.