дома Магазин Дали знаете што е сексуална заблуда?

Дали знаете што е сексуална заблуда?

61

Секоја жена барем еднаш во животот се нашла во ситуација да биде љубезна, но во целост неромантична кон некој маж што веднаш тргнува во контранапад и отворено флертува со неа.

Мажите секој знак на наклонетост од страна на припадничките на поубавиот пол го третираат како флерт, вклучувајќи ја и најобичната љубезност.

На пример, секој женски знак на внимание тие го доживуваат сексуално, а се со цел да не им побегне можноста за репродукција, велат експертите за врски.

Дури 90 отсто од жените се нашле во таква ситуација, а феноменот добил и соодветно име – сексуална заблуда.

Според норвешките психолози, тука клучна улога има еволуцијата, а клучна е потребата да не се случи пропуст – ако жената навистина флертува, постои можност мажот со неа да добие деца и понатаму да ги пренесе сопствените гени.

Од друга страна, жените сексуалниот интерес го перцепираат мошне послабо, повторно поради еволуцијата, затоа што ако налета на погрешен маж и остане сама со детето додека тие бараат нови жени, тие ризикуваат сами да го одгледуваат детето без помош од мажот. Покрај тоа, секогаш постои можност да налета некој подобар маж.



ПредходнаКвалитетот на вашата врска лежи во ова прашање…
СледнаКако да го зајакнете либидото?