дома Македонија Политика Мешовитата историска комисија ја одржа 37. средба во Софија

Мешовитата историска комисија ја одржа 37. средба во Софија

 Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во Софија ја одржа 37. средба, на која, како што информираат од македонскиот тим, македонската страна во Комисијата ја претставила новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го доставила новиот учебник по Историја за VII одделение, пренесе МИА.

Мешовитата историска комисија ја одржа 37. средба во Софија-Средбата протече според традиционален дневен ред: дискусија по македонските учебници за VII одделение; дискусија за евентуални заеднички чествувања; усогласување на записници. Македонската страна во Комисијата ја претстави новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го достави новиот учебник по Историја за VII одделение. Поради тоа дискусијата по првата точка од дневниот ред беше беспредметна, се вели во соопштението од македонскиот тим од Комисијата.

По прашањето за евентуални заеднички чествувања, бугарската страна инсистирала на заедничко чествување на одредени личности, според нивната перцепција за т.н. „заедничка историја.“ Македонскиот тим, пак, се посочува, инсистирал на заедничко одбележување на крајот на Втората светска војна како симбол на победата на доброто над злото.

-И овој пат по дискусијата по оваа тема до израз дојдоа различните разбирања и позиции на двете страни, стои во соопштението од македонскиот тим од Комисијата.

Македонскиот тим од Комисијата продолжува да одржува проактивен пристап, залагајќи се за одржливи решенија врз основа на европските искуства и вредности.

На средбата бил потпишан Записникот од 30. средба од 2024 година и била утврдена динамика за работа до крајот на годината. Следната средба, како што е најавено, ќе се одржи во првата половина на ноември, во Скопје. 

ПредходнаДимитриевски од Скопје: ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победува
СледнаСе шири непријатен мирис од ОХИС, населението стравува да не е линданот, вели Трајковски