дома Македонија Политика Давкова објави дека била на приемот на Трамп и објави слика

Давкова објави дека била на приемот на Трамп и објави слика

Претседателката на Фејсбук објави дека присуствувала на приемот што го приредиле претседателот на САД и неговата сопруга..

„Ми претставуваше чест да присуствувам на приемот што го приредија Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации. Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат. Благодарност за гостопримството!“, напиша претседателката.

Некои  медиуми попладнево лажеле дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова објавила фотографија на која таа според објавените лаги била со ,,восочни” фигури на Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, по што  претседателката реагира со барање медиумите да бидат професионални и да не шират лажни информации.

,,Почитувани, Ве информирам дека фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп.

Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација.

ПредходнаПристигна конкретната реакција на НАТО за беспилотните летала над Данска
СледнаИндија: Најмалку 39 лица загинаа во стампедо на митингот на тамилскиот актер и политичар Виџај