дома Македонија Економија Николоски: Иницираме потпишување Договор за соработка меѓу државите на Коридор 10 за...

Николоски: Иницираме потпишување Договор за соработка меѓу државите на Коридор 10 за развој на патната и железничката мрежа, зелената транзиција и електропреносната мрежа

Николоски: Иницираме потпишување Договор за соработка меѓу државите на Коридор 10 за развој на патната и железничката мрежа, зелената транзиција и електропреносната мрежа

  Преговараме со колегите министри од државите низ каде поминува Коридор 10 да потпишеме Договор за соработка за развој на коридорот во делот на  патната и железничката мрежа, зелената транзиција и во делот на електропреносната мрежа. Оваа наша иницијатива веќе е прифатена од некои министри, со останатите ќе договараме во следниот период, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во ТВ Сител.

Како што потенцираше ова е од исклучителна важност за сите земји бидејќи Коридорот 10 носи силен економски бенефит.

-Целиот проект има смилсла доколку сите држави кои се на линијата на коридорот 10 инвестираат. Во моментов постои брза пруга од Атина до Солун, она што недостасува е Солун-Гевгелија-Скопје-Ниш. Белград -Будимпешта беше пуштена во функција во ноември, Будимпешта-Братислава постои, Будимпешта-Виена се работи во моментов и она што се согласивме е да потпишеме пет-партитетн договор меѓу нас државите на коридор 10, не само за железницата, туку и во делот на автопат и зелена транзиција и во делот на електропреносната мрежа, истакна Николоски.

Тој најави дека Македонија е веќе влезена во фаза на постапки за брзата пруга, следен чекор е потпишување на договорот со државната компанија “Кросреил” од Велика Бртитанија.

-Го овластивме директорот на Македонски Железници Инфраструктура да потпише договорот со “Кросреил”. Она што е значајно е тоа што “Кросреил” е во целосна сопственост на Министерството за транспорт на Велика Британија. Таа е компанија која  ја изгрaди првата целосно дигитализирана метро линија во Лондон. Тие ќе го пренсуваат своето знаење и искуство кон вработените во Макeдонски Железници и ќе бидат контакт точка со сите владини институции. Ова е прв чекор во нашата идеја за брза пруга. Во разговори сме со сите соодветни институции кои се поврзани за изградба и веќе следната година ќе градиме на терен, потенцираше Николоски.

Николоски, исто така, информираше дека изградбата на гасниот интерконектор е во тек и оти рокот е две години и со тоа обезбедуваме уште еден извор за снабдување со гас за домашните компании.

-Во однос на интерконекторт, активно се гради од наша страна. Стигнати сме некаде над Неготино, северно од Неготино. Рокот за изградба е две години, веќе активно се работи, беше избран изведувач, македонска компанија која што работи и тоа ќе ни отвори алтернативно снабдување со гас бидејќи сега имаме само еден извор кој што оди преку Бугарија.  Планираме да имаме најмалку уште три извори на гас и така ќе можеме да калкулираме со цената на гасот. Во однос за терминалат за течен гас Александропули, ние сметаме дека сите иницијативи кои се добри треба да се поддржат. Отворени сме за соработка бидејќи не сакаме државата да биде зависна од снабдување со гас и енергенси од Русија, би сакале да имаме снабдување и од други извори и региони, потенцира Николоски.

ПредходнаЛуѓето треба да бидат разубедени дека Вучиќ е жртва
СледнаЗеленски: Путин се подготвува да нападне уште една европска земја. Тој нема да чека