Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, инидиректно упати порака и како граѓаните, кои сакаат да остана анонимни, а се против нив, дека едноставно не мора да излезат на гласање, а гласовите по автоматизам ке бидат против ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува мирна кампања за Локалните избори 2025 и дека на овие избори има две опции и тоа коалицијата што ја предводи неговата партија и коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица.
– Она што го нудиме ние во нашите пораки во кампањата ќе бидат проекти, визија како гледаме да ја развиваме Македонија, рече Мицкоски.
Опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, рече тој, ќе продолжат да испраќаат збунувачки, невистинити и неточни информации, а некои испраќаат пораки кои можеби би биле добри за 19-от век.
Како што нагласи, граѓаните на овие избори имаат две опции. Трета опција, вели Мицкоски, нема и не постои и секој оној кој мисли дека со седење дома, со апстинирање ќе казни некого, или, пак, ќе покаже пркос или ќе испрати некаква порака се лаже. Тогаш тој, според него, директно гласа за Венко Филипче, за Али Ахмети и за Димитар Апасиев.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, инидиректно упати порака и како граѓаните кои сакаат да остана анонимни а се против нив, дека едноставно не мора за никого да гласаат, да си седат дома, а гласовите по автоматизам ке бидат против ВМРО ДПМНЕ.