Гувернерот на Илиноис , демократот Џ.Б. Прицкер, во понеделник изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Пентагон да испрати 100 војници во државата, објави Ројтерс.
Националната гарда на Илиноис во понеделник доби информации од Министерството за внатрешна безбедност во кои е наведено барањето, рече Прицкер. Не е јасно за каков тип војници станува збор. Министерството за одбрана не одговори на барањето за коментар.
Зголемените мерки за спроведување на имиграцијата од страна на администрацијата на Трамп во Чикаго овој месец, рече Прицкер, се „изговор за распоредување воени сили против“ областа на Чикаго.
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, дури потпиша и извршна наредба „за спротивставување на репресијата на претседателот“.
Портланд е четвртиот град – по Лос Анџелес, Вашингтон и Мемфис – каде што американскиот претседател распоредил трупи.
Трамп тврди дека распоредувањето на трупи е неопходно за да се спречи криминалот и протестите против неговата контроверзна и голема кампања на масовни депортации.
Градоначалникот на Портланд, Кит Вилсон, го нарече распоредувањето на трупите „непожелно, непотребно и неамериканско“.
Властите во Портланд стравуваат од повторување на настаните од летото 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп, кога градот беше потресен од бран насилни судири поради протестите за расна правда по убиството на невооружениот црнец Џорџ Флојд од страна на полицијата.
Потоа следеше пристигнување на трупи и федерални агенти во главниот град на САД и закани за инвазија на други поголеми градови, вклучувајќи го и Чикаго.