дома Бизнис „Луфтханза“ ќе отпушти и затвори 4.000 работни места до крајот на деценијата

„Луфтханза“ ќе отпушти и затвори 4.000 работни места до крајот на деценијата

„Луфтханза“ има намера посилно да го стегне ременот и во процесот на дигитализација, автоматизација и консолидација до 2030 година ќе елиминира 4.000 работни места.

ЛуфтханзаВо исто време, концернот ги зголеми своите среднорочни финансиски цели, од осум на 8-10 проценти од оперативната добивка, односно приходот по одбивање на каматата и даноците.

Оваа година, „Луфтханза“ очекува значително поголема оперативна добивка од минатогодишните 1,6 милијарди евра.

Покрај намалувањето на работните места, концернот има намера да ги консолидира компаниите под свој чадор и да ги стави под построга централна контрола.

Покрај сопствениот авиопревозник што се соочува со тешкотии, „Луфтханза“ управува со „Свис“, „Аустриан“ и „Бриселс ерлајнс“, а има и малцински удел во италијанската „ИТА“.

Понатаму, „Луфтханза“ планира да ја зајакне својата буџетска ќерка компанија „Еуровингс“, како и секторите за логистика и одржување, кои, патем, има намера да ги вклучи во одбранбениот сектор.

Во соопштението објавено во понеделник, „Луфтханза“ ги потврди медиумските извештаи од претходната недела. Планот за консолидација треба да ја постави групацијата на одржлив пат кон профитабилност.

Според најновите податоци, компанијата има околу 103.000 вработени.

ПредходнаПисториус: Русија станува растечка закана за НАТО
СледнаСостојбата на природата во Европа „не е добра“