дома Бизнис Рекордни инвестиции во климатската транзиција во земјите во развој

Рекордни инвестиции во климатската транзиција во земјите во развој

Ветерници, ветерна фарма

Минатата година, Германија издвои 11,8 милијарди евра за климатски проекти во земјите во развој, повеќе од кога било досега, објави во понеделник владата во Берлин.

6,1 милијарди беа финансирани од федералниот буџет, а уште 4,6 милијарди за проекти како што се соларни и ветерни електрани беа обезбедени од германските развојни банки.

Приватните инвеститори инвестираа 1,1 милијарда евра.

Со Парискиот договор за климата во 2015 година, меѓународната заедница се обврза дека развиените земји ќе издвојуваат 100 милијарди долари годишно до 2025 година за да им помогнат на сиромашните во борбата против глобалното затоплување.

Германија вети најмалку шест милијарди евра годишно, цел што ја исполни минатата година, соопшти владата.

ПредходнаСтејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата
СледнаАмериканскиот секретар за одбрана до генералите: „Подгответе се за војна“