дома Македонија Општество Македонија за 20 години ќе има под еден милион жители?!

Македонија за 20 години ќе има под еден милион жители?!

Македонија за 20 години може да има под еден милион жители и по еден пензионер на еден вработен, што би значело и колапс на пензискиот фонд, предупреди премиерот на настанот посветен на демографските трендови.

Потсети дека, иако според последниот попис имаме малку над 1 милион и 800.000 население, бројката на реални жители и сега не надминува еден ипол милион. Затоа смета дека приоритет на сите политичари треба да им бидат многудетните семејства.

„Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат, како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни влади, а тоа се многудетни семејства. Јас би сакал кон сите македонски граѓани да упатам јасна порака – формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина. Без разлика на верската, на едничката припадност, многудетното семејство значи иднина“, рече Мицкоски.

Петгодишната програма на владата и на Фондот за население на Обединетите нации за соработка, инвестирање и искористување на човечкиот капитал, за него е потврда дека државата има пријатели и партнери во светот, но одговорноста е на домашните политичари.

Од СДСМ веднаш го потсетија дека за одгледување на повеќе деца се потребни пари и услови. Борбата, пак, велат треба да биде преку конкретни механизми за зајакнување на стандардот, покачување на платите, поддршка за млади брачни парови.

„Платите не растат, а граѓаните се соочуваат со дивеење на цените по маркетите, а владата не прави ништо за да го поправи тоа“, рече Филипче.

Статистичките податоци покажуваат дека демографската рецесија во Македонија трае повеќе од 70 години, а бројот на новородени деца постојано опаѓа. Во 1950 година во имало над 50.000 новородени бебиња, а во 2024 година само околу 16.000 новородени бебиња. Главни причини за овој пад се иселувањето на младите луѓе и намалениот наталитет.

ПредходнаРуската разузнавачка служба го обвини Киев за подготовка на „гласна провокација“ во Полска
СледнаБлокада на Скопје бидејќи вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна немаат плата