Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската унија за двојни стандарди во проширувањето, наведувајќи дека земји-членки како Грција и Бугарија со години ги блокираат процесите кон Македонија и Србија без да бидат обвинети за поткопување на единството на Унијата. Во интервју за РТС, Сијарто посочи дека, спротивно на тоа, Унгарија е мета на критики кога ќе го искористи правото на вето за Украина.

„Дали тогаш некој ги обвини тие земји за поткопување на европското единство? Секако не,“ изјави Сијарто, додавајќи дека секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето „стануваме жртва на политички напади“