дома Локално Од утре почнува грејната сезона во Скопје

Од утре почнува грејната сезона во Скопје

Од утре започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, со кој управува ЕСМ.

Иако грејната сезона официјално почнува на 15 октомври, таа може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или пониска од 12 степени.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за утре е прогнозирана средна надворешна температура од 10 степени, со што се исполнети условите за предвремен почеток на грејната сезона.

До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.

ПредходнаСијарто: Кога Грција и Бугарија ја блокираа Македонија не беше проблем
СледнаСедум Пакистанци во Англија со години силувале две малолетнички