дома Свет Балкан МВР потврди дека едно лице е убиено во еклпозија на улицата Косовска

МВР потврди дека едно лице е убиено во еклпозија на улицата Косовска

Српското МВР потврдисиноча дека едно лице загина на улицата Косовска во Белград по експлозија во стан на третиот кат од зграда.


Припадниците на Секторот за вонредни ситуации интервенираа синоќа откако околу 22 часот добија пријава дека се случила експлозија во стан на улицата Косовска. По пристигнувањето на местото на настанот, беше утврдено дека експлозијата во станот на третиот кат предизвикала голема штета, а по пребарувањето на станот, пожарникарите и спасувачите пронајдоа маж во бесвест.
Екипата на брзата помош ја потврди смртта на машкото лице, а телото ќе биде транспортирано во Институтот за судска медицина, соопшти обвинителството.
Точната причина за експлозијата ќе се знае по истрагата.
На местото на настанот имало осум пожарникари и спасувачи со две возила, се додава во соопштението.

Поради силата на ударот, прозорци, стакло и делови од станот завршиле на улицата, на тротоарот и коловозот.

Некои автомобили што биле паркирани на улицата Косовска биле оштетени.

ПредходнаБритански министер до Маск: Излези , оди си од нашата земја!
СледнаМојот брод беше пресретнат и бев нелегално приведен“: Студент од Србија бил на брод кој бил запрен од израелските сили