дома Локално (Видео) На Шапка утринава падна првиот снег, покажуваат камерите на SkiMacedonia

(Видео) На Шапка утринава падна првиот снег, покажуваат камерите на SkiMacedonia

Утринава на Попова Шапка беше забележан првиот снег, кој го регистрираа камерите на SkiMacedonia.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.

Во изминатите 24 часа до 8 часот наутро најмногу врнежи се измерени во Ѓуриште – 19 литри на квадратен метар, потоа во Крушево и Битола по 17, Штип со 14, Скопје – Петровец и Тетово со по 13 литри, а најмалку во Струмица – 3 литри.

 

ПредходнаНова: На 1 ноември, учениците ќе пешачат од Белград до Нови Сад
СледнаФинскиот министер Странд: Се надевам нема да гледаме билатерални прашања коишто ќе го попречат процесот на проширување во иднина