Миграциските агенти во голем број американски држави продолжуваат со рациите на патиштата откако последниве неколку дена уапсија повеќемина возачи на камиони, меѓу кои Македонци Срби и Босанци
– Семејствата на уапсените, но и многу наши луѓе што немаат регулиран статус во Америка, се обраќаат до адвокати, барајќи стручна помош во оваа тешка ситуација – вели соговорникот на „Сербијан тајмс“, кој работи за компанија за камионски превоз во Чикаго и познава голем број луѓе од српската заедница.
Во меѓувреме, редакцијата на „Сербијан тајмс“ открила дека најголема концентрација на агенти на ICE на патиштата има во државите како Тексас и Флорида, додека, на пример, воопшто нема во Пенсилванија и во Охајо.
Според првите информации, на удар на агентите најчесто се возачите на мали, таканаречени бокс камиони. Но, ги земаат возачките дозволи од возачите на големи камиони што имаат работни дозволи, а немаат формулар I-94, поточно потврда дека влегле во земјата легално.
– Според информациите што ги добивме од неколку компании за камионски превоз во сопственост на Срби, Македонци и на Бошњаци во регионот на Чикаго, над 1.000 мали камиони моментално се надвор од сообраќај, едни поради апсење на 15 српски возачи , други поради фактот што нивните возачи немаат американски „документи“ или се во процес на регулирање на својот статус – наведуваат од „Сербијан тајмс“.
Камионџиите, главно, ги апсат на автопатиштата во државите Индијана, Мичиген, Илиноис, Тексас, на вагите на кои се проверува нивната документација.