
Четири лица загинаа попладнево во сообраќајна несреќа на Јадранската магистрала во близина на Сењ, потврди полицијата во Лика-Сењ, пренесе Хина.
По приемот на пријавата, службите за итни случаи реагирале на местото на настанот, а биле распоредени и нуркачи од HGSS, кои извлекоа од морето две женски и два машки тела.
Ќе следи увид на лице место за да се утврдат околностите на несреќата.
Телата беа транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека за обдукција, утврдување на причината за смртта и идентитет.