Едно лице е повредено во пукотница што се случила утрово во центарот на Атина, на плоштадот „Агиос Константинос“ во Омонија.
Според извештајот на ЕРТ, две лица отвориле оган и лесно повредиле странски државјанин во рамото, кој шетал на плоштадот во близина на Омонија.
Повреденото лице е однесено во болница, додека полицијата започна потрага по сторителите на вооружениот напад.