дома Македонија Црна хроника Уапсен скопјанец кој избегал од кумановскиот затвор, осуден за убиство

Уапсен скопјанец кој избегал од кумановскиот затвор, осуден за убиство


На 21.11.2023 во Скопје од страна на полициски службеници од Тим Потраги, ОКР Центар Бит Пазар и ПС ОН Драчево од слобода е лишен М.Д.(42) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, информира МВР.

Тој бил баран за доиздржување на казна затвор од 9 месеци и 26 дена за сторено кривично дело по чл. 123 ст 1 од КЗ на РСМ, а бил осуден на казна затвор од 13 години и 3 месеци.



ПредходнаКазнети 125 возачи во Скопје
СледнаНа фармер во Словенија инспектори му ги одзеле кравите бидејќи биле валкани