дома Свет Крадци однеле 2.000 телевизори и 16.000 четки за заби, штетата е 1.4...

Крадци однеле 2.000 телевизори и 16.000 четки за заби, штетата е 1.4 милиони евра






Крадци упаднале во логистичко складиште во Дуизбург, западна Германија и украле 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби.

Сѐ уште непознатите натрапници успеале да побегнат со одземените уреди. Меѓу украдените предмети е и сеф тежок повеќе од 100 килограми, соопшти полицијата.

Се проценува дека пленот е вреден 1.4 милиони евра. Кражбата се случила овој викенд, но германската полиција вчера го објави соопштението.

Според надлежните органи, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети. Истрагата за злосторството е во тек. Снимки од видеонадзорот, како и можни очевидци се земаат предвид.

МИА

– Реклама –








ПредходнаЕдна половина од кандидатите за претседател на ДПМ се пишманија и се повлекоа од трката
СледнаВо судир на минибус и автомобил во близина на обиколницата шест лица повредени, од кои една патничка починала