дома Македонија Економија Раст на Волстрит во пресрет на Денот на благодарноста

Раст на Волстрит во пресрет на Денот на благодарноста


Акциите пораснаа на Волстрит во средата бидејќи инвеститорите беа оптимисти во пресрет на празниците и претстојната празнична сезона на личната потрошувачка.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Франкфуртскиот DAX индекс зајакна за 0,36 отсто, на 15.957 поени, а париски CAC зајакна за 0,43 отсто, на 7.260 поени. Лондонски FTSE ослабе, пак, за 0,17 отсто, на 7.469 поени.

Во Њујорк, пак, индексот Dow Jones зајакна 0,53 отсто, на 35.273 поени, додека S&P 500 порасна за 0,41 отсто, на 4.556 поени, а индексот Nasdaq 0,46 отсто, на 14.265 поени.

Растот на индексите е благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, бидејќи сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД слабее и дека економскиот раст забавува.

Ова го потврдија вчерашните извештаи за производство на трајни добра, расположението на потрошувачите и невработеноста. Според сите пресметки, и покрај наглото зголемување на каматните стапки на Fed во изминатата година и половина, најголемата светска економија ќе избегне рецесија.

„Општата слика на пазарот е солидна. И покрај загриженоста за економијата и претстојните празнични трошоци, пазарот изгледа отпорен пред периодот во кој цените на акциите имаат тенденција да растат“, смета Квинси Крозби, стратег во „LPL Financial“.

Обемот на тргување вчера беше значително помал во однос на претходните денови, бидејќи доаѓа Денот на благодарноста. Поради овој празник во четврток во САД не се работи, а на Волстрит во петок ќе се работи скратено.

Во наредните денови најважни ќе бидат податоците за потрошувачката на почетокот на празничната „шопинг“ сезона, што би можело да зависи од движењето на цените на акциите во трговијата и другите сектори.



ПредходнаДоделување на наградите за новинарите што учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“
СледнаДневен хороскоп за четврток, 23-ти ноември 2023-та