дома Македонија Црна хроника Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана

  Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле,објави MIA.

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во ТиранаОд македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети  22.805 евра, 2.600 македонски денари.

Според полициското соопштение кај  лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај  Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле.

Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.

ПредходнаВо Белфаст почнува самит за Западен Балкан
СледнаЕден од најдобрите полски пијанисти, Анджеј Јагоѓински го отвора 44. Скопски џез фестивал