Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Гостивар во текот на ноќта и денеска издал повеќе наредби за откривање на разбојниците кои вчера ограбија златара во Гостивар.
Четворицата разбојници маскирани со автоматско оружје го извршиле грабежот по што избегале со „БМВ“ без регистарски таблички.
Случајот го потврди и полицијата од каде информираа дека кај нив грабежот е пријавен вчера во 18:45 часот.




