дома Македонија Украдени околу 18 килограми злато од златарата во Гостивар

Украдени околу 18 килограми злато од златарата во Гостивар

Од златарата во Гостивар каде вчера беше извршена кражба од максирани лица, биле украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

Кражбата се случи вчера попладне во близина на малиот пазар во Гостивар, а Министерството за внатрешни работи денеска излезе со повеќе детали.

Разбојниците побегнале со возило “бмв х3”  без регистарски таблички, а во 19 часот е пронајдено возилото опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.

Во возилото била пронајдена автоматска пушка со бајонет.

По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

ПредходнаМуцунски негира дека со Британија е разговарано за прифаќање мигранти
СледнаЕдночасовни блокади најавуваат семејствата на загинатите во „Пулс“