Независниот синдикат на полицијата објави дека починал Владо Петров, полициски службеник, кој беше еден од осомничените полициски службеници во случајот за пожарот во дискотеката во Кочани.
– Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен испектор за собраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни, стои во објавата на Фејсбук.
Независниот полициски синдикат вчера протестираше барајќи фер и транспарентна постапка за полициските службеници кои се опфатени со случајот за пожарот во „Пулс“.




