Делегација од 15 члена на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа ќе спроведе мисија за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври, соопшти прес-службата на Советот на Европа.
Мисијата ќе ја предводи Ирецот Гобнаит Ни Мхуимнеакаин, претставник на ILDG (Независна и либералдемократска група).
На денот на изборите, седум тима ќе бидат распоредени на различни локации низ целата земја, а нивната распределба ќе биде случајна за да се обезбеди објективност во следењето на изборните процедури на гласачките места.
Делегацијата ќе оствари средби со членови на Македонската делегација во Конгресот, како и со претставници на меѓународната заедница и претседателот на Државната изборна комисија.
Мисијата вклучува дискусии со претставници на медиумите и невладините организации, како и брифинзи со кандидати и претставници на политичките партии.
Планирани се и заеднички работни состаноци со основниот тим на ОБСЕ/ОДИХР, кој исто така го следи изборниот процес.
Во понеделник, 20 октомври, во 15:00 часот, во хотелот „Хилтон“ во Скопјe ќе се одржи заедничка прес-конференција на делегацијата на Советот на Европа, ОБСЕ/ОДИХР и Европскиот парламент, каде што ќе бидат презентирани прелиминарните заклучоци од мисијата.
Мисијата на Конгресот на Советот на Европа е дел од напорите на организацијата за промовирање на демократијата и доброто управување на локално ниво.
Северна Македонија е членка на Советот на Европа од 1995 година и редовно им дозволува на меѓународни набљудувачи да спроведуваат избори.