Стив Бриџис, комичар кој беше следен од повеќе од 2 милиони луѓе на TikTok, почина на возраст од 42 години. Тажната вест беше потврдена од неговата сопруга Челси во емоционално видео објавено на неговиот профил.
Челси откри дека Стив починал минатата среда, 15 октомври, и дека бил пронајден мртов на нивниот кауч. Според неа, тој починал “мирно во сон”. Полициската станица во Пеорија, Илиноис потврди дека тоа била природна смрт.
“Тој беше највнимателниот татко и најдобриот сопруг”
Во трогателен пост, неговата сопруга им се заблагодари на неговите фанови. “Она што го гледавте на интернет беа само ликовите кои тој ги создал”, рече Челси. “Тој беше највнимателниот татко и најдобриот сопруг”. “И благодарение на вас, интернетот, тој беше во можност да го живее својот сон да ги насмее луѓето. Многу сум благодарна што тој беше во можност да го стори тоа”, додаде таа.
Во насловот на видеото што го сподели, таа напишала: “Тој навистина го нема. Нема вести во медиумите. Тој не беше холивудска личност. Тој беше семеен човек кој сакаше да ги насмее луѓето. Ова е реално. Тој почина мирно спиејќи на нашиот кауч. Благодарам ви на сите.”
TMZ исто така известува дека неколку членови на семејството на Стив починале на помлада возраст.