Припадници на Дирекцијата за организиран криминал и сериозни кривични дела на косовската полиција вршат претреси на девет локации во Звечан и Зубин Поток, на барање на Специјалното обвинителство во Приштина.
Забележлив е поголем број оклопни возила и припадници на специјални единици на косовската полиција, објавува ТВ Мост.
Во соопштението од Обвинителството во Приштина се наведува дека акцијата се спроведува поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на персоналот на ОН или персоналот поврзан со нив, тешко убиство и напад врз службено лице при вршење на службена должност.
Се додава дека во претресите учествуваат и други единици на таканаречената косовска полиција и дека јавноста ќе биде информирана за деталите по завршувањето на акцијата.
Заменик-директорот на косовската полиција за Северниот регион изјави за ТВ Мост дека полициските сили од Северниот регион им помагаат на истражителите од Приштина во овој случај.