дома Технологија Вештачка интелигенција „испеа“ песна со гласовите на Дрејк и Викенд

Вештачка интелигенција „испеа“ песна со гласовите на Дрејк и Викенд

73

Песна со гласовите на раперот Дрејк и ар-ен-би-денс пејачот Викенд, создадена со помош на вештачка интелигенција, стана хит на интернет-просторот. Но, според прописите, таа мора да биде отстранувана.

Песната „Heart On My Sleeve“ собра над 10 милиони прегледи на Јутјуб, но сега е во режим „Приватно видео“. Инаку, се работи за симулација на гласовите на канадските музичари. Човекот кој дошол на идеја да создаде песна со помош на вештачка интелигенција, на Твитер се потпишува под името „Гоуст рајтер“ (Ghost writer), и потврди дека песната е направена од софтвер којшто ги следел гласовите на светски популарните пејачи.

Под видеото се вели дека „ова е само почеток“, но тоа не смее да се шири на видео-платформата, а е отстрането и од стрим-платформата „Спотифај“, каде што за кратко време собра повеќе од 250.000 слушања.

Брзиот развој на технологијата ја потресе музичката индустрија, откако се појавија бројни песни создадени преку вештачка интелигенција. Раперот Дрејк поднесе и жалба, барајќи од светските платформи да ги спречат компаниите со вештачка интелигенција во пристапот до податоците на одредени луѓе.

МИА

– Реклама –

ПредходнаНачинот на кој се користи компјутерот го открива степенот на стрес на работа
СледнаНајголемата летна наградна игра со Бокси!