Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција го призна поразот на локалните избори. Toj вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет. Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг.

Тој не е изненаден од резултатите за изборите и најави дека има некои неправилности и забелешки кои во текот на утрешниот ден ке ги достават до ДИК и ОБСЕ.
Филиче сепак не планира да даде оставка, вели дека некои општини покажуваат дека има раст на гласови што значи дека не треба да се отстапува од реформирање на партијата што го започнал какоапроцес, кој немало да биде ниту едноставен ниту брз.