Резултатот не е посакуван, но не е лош затоа што некаде имаме зголемување во бројот на гласови во споредба со ланската година. Започна консолидацијата, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција за резултатите на партијата на локалните избори.
Според Филипче, резултатот не е лош затоа што, како што вели, поради бројот на општини во кои победиле во првиот круг и поради дополнителниот број на општини во кои влегуваат во вториот круг. Како што вели тој, тоа е близу дваесетина општини.
Запрашан дали планира да поднесе сставка, Филипче рече дека не планира туку сака да продолжи да работи на консолидација на партијата.
-Има огромен број на луѓе кај кои што допираат нашите пораки и навистина ова е еден почеток, додаде претседателот на СДСМ.