Да се заблагодарам на граѓаните на Куманово и Македонија за „скандинавските избори“, изјави од градскиот плоштад во Куманово, претседателот на Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Според 80 проценти од обработените гласачки места од аналитичкиот центар на ЗНАМ, Димитриевски како што изјави, води пред останатите шест противкандидати, како и советничката листа на ЗНАМ. Тој посочи дека има гласови со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ колку што имаат останатите шест кандидати.
-Овој пат ниту во Куманово, ниту во Македонија не гледаме како кандидатите за градоначалници ги бркаат полициски тимови, дополнително се врши притисок на сите нас. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите кумановци и кумановки, кои излегоа и гласаа за мене и за советничката листа на ЗНАМ, рече Димитриевски
Лидерот на ЗНАМ, не знаеше дали ќе има втор круг, бидејќи не се обработени сите податоци, но очекува победа и во вториот круг. Тој кажа дека граѓаните препознаваат континуитет, развој на Куманово. Во однос на листата на советници рече дека е победник и заедно со ВМРО-ДПМНЕ кои се веднаш зад нив, рече ќе направат силно мнозинство како и со останатите партнери од претходната локална власт.